|
Поради дефект во системот за кодирање истиот не беше во функција од месец Декември 2008 година до 20 Март 2009 година. За тој период од 4 месеци корисниците нема да бидат задолжени со месечни такси за дополнителен пакет.
Од 01 Април 2009 година во системот се нуди пакет од три програми: 1. ФИЛМ + СПОРТ + ЕРОТИКА = 50 денари месечно
За да ги подготвите Вашите декодери за работа со новиот систем потребно е да се изврши нивно препрограмирање според следнава процедура:
1. Се поставува Тв приемникот на каналот на кој е мемориран декодерот или на AV доколку Тв приемникот и декодерот се поврзани со A/V кабел
2. Декодерот се поставува на канал 18
3. На далечинскиот управувач од декодерот се притиска копчето * и во исто време без да се испушти * се притиска копчето 1.
4. По првите 3 чекори декодерот почнува да ги врти каналите почнувајќи од PINK+ па се до првиот кодиран канал на кој е прикажан телефонскиот број 043-550-550. Откога декодерот ќе застане на овој канал треба да се остави на него без да се допира ништо на декодерот или на далечинскиот управувач 45 минути.
5. Откога ќе изминат 45 минути повторно се повторува чекорот 3 т.е. на далечинскиот управувач од декодерот се притиска копчето * и во исто време без да се испушти * се притиска копчето 1.
6. По ова декодерот повторно почнува да ги врти каналите почнувајќи од PINK+ па се до првиот кодиран канал на кој е прикажан телефонскиот број 043-550-550. Откога декодерот ќе застане на овој канал, веќе е спремен за употреба.
Доколку имате потешкотии со програмирањето на декодерот и опишаната процедура контактирајте ја нашата техничка служба.
По 1-ви Април 2009 год. и реактивирањето на системот, сите декодери ќе бидат исклучени.За повторно активирање потребно е да потпишете анекс кон договори да ги имате подмирено сметките: - за телевизија заклучно со Февруари 2009г. - за декодер заклучно со Ноември 2008г. - за интернет и пречекорувања (доколку има) заклучно со Март 2009 г.
Доколку не потпише анекс корисникот е должен да го врати декодерот во исправна состојба. Цената од 50 денари месечно за дополнителниот пакет станува составен и неделив дел од месечната такса за телевизија. Во овој момент од 01 Април 2009 корисниците кои имаат проширен пакет ќе плаќаат 400 денари месечно. *Инел Интернационал го задржува правото за промена на цената по свое согледување согласно пазарните и економски услови.
|