No account yet?
Open login
Забрана на повици
PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

Од денес е пуштен нов модул на support.neotel.com.mk за активација на дополнителните услуги кај корисниците на фиксната телефонија со linksys SPA2102 уреди.

Кога ќе се логирате со вашето корисничко име и лозинка во менито за сервиси излегува нова опција "Дополнителни услуги", од каде можете да одберете еден од вашите телефонски броеви и да активирате или деактивирате дополнителен сервис.

Моментално може да се избира помеѓу следниве 3 додатни опции:

- Забрана за појдовни повици кон мобилните мрежи
- Забрана за појдовни повици кон интернационалните мрежи ( странство )
- Повик на чекање ( втора линија ) ( Стандардно е вклучена истата може да се исклучи )

Во план е понатаму да додадеме и други опции.

Од сега забраната за појдовни повици ќе може да се активира САМО ПРЕКУ КОРИСНИЧКИОТ ПОРТАЛ!

Последно освежено ( Среда, 20 Мај 2009 18:31 )