| Инел Интернационал е формирана како фирма за IТ софтвер и хардвер инженеринг во 1990 година. Како кабелски оператор работи од 31.05.2002 година по добивањето на концесија за градба на кабелска мрежа на територијата на општина Кавадарци. Вработува и ангажира 18 инженери, техничари и административен персонал во три сектори: 1.Кабелска дистрибуција на домашни и странски телевизиски и радио програми во основен (basic) и проширен (extra) аналогно кодиран (analoug-extended) пакет. 2.Широкопојасен (broadband) кабелски интернет сервис и пренос на податоци низ компјутерски мрежи. 3. Фиксна Телефонија за разговор и комуникација на локално, национално и интернационално ниво. Во Трите сектора Инел Интернационал располага со најсофистицирана мерна опрема и стручен кадар за брзо, ефикасно и квалитетно задоволување на сегашните и идни потреби на корисниците на нашите сервиси. Во изминатиов период имаме изградена мрежа во околу 95% од градот Кавадарци и приградските населби која вклучува врвна активна опрема од најреномираните светски произведувачи како MOTOROLA, CISCO, WISI, TELESTE и други, вградена во висококвалитетна надземна коаксијална и подземна HFC хибридна оптичка и коаксијална инфраструктура. Со својата ќерка-фирма Инел-Tехник проектира и изведува видео-надзор и алармни системи, антенски и кабелски системи, системи за пренос на податоци, компјутерски мрежи, интернет и интранет решенија од најсложен вид за чиј квалитет сведочи задоволството на многуте наши клиенти меѓу кои се хотелите Best Western, Holiday Inn, многу кабелски дистрибутери, интернет провајдери и домашни корисници. За сите современи решенија во чекор со времето на располагање Ви стои Вашиот Инел Тим. |