FTP (File Transfer Protocol) серверот на Инел Интернационал е дополнителен бесплатен сервис за сите корисници на нашиот кабелски интернет. Овој сервис е имплементиран за лесна и бесплатна размена на податоци помеѓу корисниците на нашата мрежа и во него ќе се акумулираат податоците што ги испраќаат самите корисници. Сообраќајот направен локално со FTP серверот и со останатите сервиси на Инел Интернационал не влегува во сообраќајот за кој се наплатува пречекорување на одбраниот пакет.
ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ НЕ ПОСТАВУВА СОДРЖИНИ И НЕ СНОСИ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА АВТОРСКИТЕ ПРАВА И ИСПРАВНОСТА НА СОДРЖИНИТЕ КОИ МОМЕНТАЛНО СЕ НАОЃААТ НА FTP СЕРВЕРОТ. ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРЕМЕСТУВАЊЕ И/ИЛИ БРИШЕЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ СОДРЖИНИ КОИ СЕ ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСНИ ИЛИ НЕСООДВЕТНИ ЗА УПОТРЕБА.
Во периодот од 01.08.2009 до 01.10.2009 FTP серверот е во фаза на тестирање.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
1.КОНЕКТИРАЊЕ: За да се конектирате на нашиот FTP сервер најпрво треба да имате инсталирано FTP Client на вашиот компјутер. Како комплетно бесплатен за употреба и еден од подобрите FTP клиенти Ви го предлагаме FileZilla кој што можете да го превземете од следниов линк:
За да симнувате од FTP серверот се внесуваат следниве параметри:
Address: ftpserver.inel.mk Password: inelftp (исклучиво мали букви) Username: inelftp (исклучиво мали букви) Port: 21
Конектирањето се врши со копчето QuickConnect.
Доколку сакате да качувате податоци на FTP серверот потребно е да креирате свој корисник. За таа цел треба со вашиот интернет пребарувач да ја посетите web страната http://ftpserver.inel.mk и да ги поставите бараните податоци. Откако успешно ќе го креирате корисникот, истиот може да го користите по 15 минути така што во FileZilla ќе ги внесете вашите податоци а FileZilla ќе ве внесе во вашата папка во која само вие можете да качувате и бришете податоци а останатите корисници можат само да превземаат. Ka;enite содржини кои се правилно именувани и систематизирани по фолдери FTP серверот понатаму ги распоредува на соодветното место и ја менува нивната локација во KATALOG.TXT.
2.НАВИГАЦИЈА: Во најгорниот лев прозорец од FileZilla (под полињата за внесување на горенаведените параметри) се наоѓаат сите пораки за вашата комуникација со FTP серверот. Под него, левата половина од FileZilla е за навигација во вашиот компјутер а од десната страна се секциите од FTP серверот. Преносот на податоците се прави со Drag&Drop (завлекување со притиснат лев тастер од глувчето на саканиот фајл или фолдер од вашиот компјутер во серверот или обратно) или со десен клик на саканиот фајл или фолдер и наредбите Upload (префрлање податок од вашиот компјутер во серверот) и Download (префрлање на податок од серверот во вашиот компјутер). Можно е и префрлање на повеќе податоци во двете насоки истовремено. Информациите за статусот на преносот на податоци се наоѓаат во најдолниот прозорец од FileZilla.
3. ОРГАНИЗИРАНОСТ: За полесна навигација FTP серверот е организиран во неколку целини според видот на содржините што во моментот се актуелни. За пребарување може да се користи текстуалната датотека katalog.txt која ги содржи патеките до сите податоци што моментално се наоѓаат на серверот. Оваа датотека се обновува на секои 5 часа. |
| Последно освежено ( Понеделник, 27 Јули 2009 20:42 ) |
|